(ФОТО) ПРЕУБАВАТА МОНИКА БЕЛУЧИ ВО ВЕНЕЦИЈА СЕ СРЕТНАЛА СО БИВШИОТ: Фотографите ја забележале реакцијата

МОНИЦА Белучи синоќа на венецијанскиот црвен тепих се сретнала со поранешниот сопруг Винсент Касел.
Поранешните сопружници се појавиле на премиерата на филмот „Irreversible star“. Тие се поздравиле на излегувањето од автомобилот, а потоа заедно позирале за голем број на фотографи кои ги чекале надвор од салата.

Судејќи според фотографиите, Белучи во текот на вечерта не комуницирала претерано  со својот поранешен, од кого таа се разведе по 14. години брак. Додека другите актери разговарале еден со друг, убавата актерка гледала директно во камерата.
Моника и Винсет заедно имаат две ќерки и снимиле голем број филмови, но нивната љубов се распаднала во 2013 година.
Белучи  во долг црвен фустан кој ја потенцирал нејзината убавина,присутните во Венеција ги оставила без здив.

Винсент во Венеција пристигнал со својата нова сопруга, 22-годишната Тина Кунакеј, со која неодамна доби ќерка и го прошета црвениот тепих претходниот ден.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …