КРИСТИАНО Роналдо на Инстаграм им открли на фановите како тој и неговата партнерка Георгина Родригез ја поминуваат неделата, а за само еден час, таа објава му донела повеќе од два милиони лајкови.
Прославениот фудбалер и модел решиле да го искористат денот за да вежбаат заедно, а Роналдо сето тоа го снимил со камера и го споделил на својот профил. „Среќна недела“, напишал тој во насловот на видеото, во кое Георгина трча на лента за трчање а тој вежба на подот со топката во рацете.

„Тие спијат, ти работиш“, „Неверојатно“, „Нема слободние денови“, „Инспирација“, му напишале фановите во коментарите.
Патем, Георгина на Роналдо е голем љубител на активен живот, а на социјалните мрежи, како и нејзиниот партнер, таа со задоволство објавува видеа и фотографии од тренинзите што редовно ги прави. Така неодамна таа покажала дека може лесно да направи шпага а на сите во очи им паднал нејзиниот затегнат задник.