(ФОТО) НАПИТОК ЗА СЛАБЕЕЊЕ – НАУЧНО ДОКАЖАНО: Мрсните наслаги од стомакот исчезнуваат со конзумирање на овој чај!

Одамна е познато дека чајот има корисен ефект врз човечкото тело.
Покрај тоа што ве одржува здрави, некои чаеви помагаат и при слабеење.
Но, не сите чаеви делуваат на ист начин. Научниците откриле дека кинескиот чај познат како оолонг помага многу во слабеењето.
Всушност, истражувачите од фармацевтскиот универзитет „Шенјанг“ во Кина го испитале ефектот на овој чај врз масните наслаги на телото и откриле дека се топат масните наслаги на стомакот.
Испитаниците, за потребите на истражувањето во текот на шест недели пиеле осум грама оолонг чај дневно со нормална диета. Резултатите биле неверојатни! Дури 70 проценти од луѓето со прекумерна тежина изгубиле на тежина, а дури 22 проценти изгубиле повеќе од три килограми.

Тоа е мешавина од зелен и црн чај кој традиционално се одгледува на топло сонце. Овој пијалок го стимулира метаболизмот на организмот и брзо и ефикасно делува на топење на маснотиите.
Резултатите од една друга студија покажале дека луѓето кои секојдневно пијат оолонг чај со овој напиток губат до 281 калорија дневно!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ достојно го претставија македонското карате во Анталија

Членовите на скопскиот клуб „Макпетрол“, Петар Заборски и Петар Спасеновски, остварија солидни резултати на неодамнешниот …