(ФОТО) Пресврт: Џенифер Лопез и Алекс Родригез дале заедничко соопштение!

Вчера попладне, околу 16 часот, Џенифер Лопез и Алекс Родригез излегле со заедничко соопштение по вистинскиот ураган во американската јавност за веста дека ја раскинале свршувачката.
Нивната заедничка изјава објавена од списанието „People“ се состои од една реченица: „Работиме на некои работи“.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)


Понатаму, списанието „People“ цитира анонимен извор близок до парот, кој вели дека тие никогаш официјално не раскинале, дека дури и не разговарале за тоа, но дека минуваат низ тежок период. Според истиот извор, нивниот тежок период нема никаква врска со риалити sвездата Медисон Лекрој, со која Родригез повремено се допишувал, според признанието на Лекрој.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

„Да, Џенифер е во Доминиканската Република каде снима филм, Алекс е во Мајами каде се подготвува за новата сезона во бејзбол, но тие сакаат да останат заедно“, вели изворот.

Како што наведува самото списание „People“, оваа објава пристигнала неколку часа по објавувањето на веста за нивното раскинување, што за магазинот било потврдено од повеќе извори.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Веста за крајот на свршувачката на најпопуларниот пар во Америка ја објавија сите американски медиуми, дури и Си-Ен-Ен, а фановите ги преплавија Инстаграм профилите на Џенифер Лопез и Алекс Родригез со коментари во текот на целиот ден.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …