„Работиме на сертификат – тоа не е пасош!“

Европската комисија следната недела ќе предложи новите сертификати на ковид 19 да комбинираат информации за вакцинација, закрепнување од болест и резултати од тестови со цел да се избегне дискриминација меѓу граѓаните, изјавил европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс.
Земјите-членки од југот на ЕУ кои се потпираат на туризмот се надеваат дека ваквите „пасоши“ можат да ја „отклучат“ оваа летна сезона, но идејата наишла на противење од Германија, Франција и Белгија, кои нагласуваат дека вакцинацијата не е ниту задолжителна ниту достапна за секого.
„Работиме на сертификат, тоа не е ‘пасош’, не е само прашање на вакцинација. Станува збор за закрепнување на луѓето кои имале болест, вакцинација или тест“, истакнал Рејндерс.

Видот на вакцината сè уште не е услов за ковид пасош?
„Ние немаме задолжителна вакцинација, затоа е можно да се одбие вакцинирање. И во моментов немаме капацитет да организираме вакцинација за сите луѓе кои сакаат да се вакцинираат. Не сакаме да имаме никаква дискриминација”, истакнал тој.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …