(ФОТО) Пратеник во Словенија си поднел оставка поради „кражба на сендвич“

Пратеник се изнервирал што персоналот на супермаркетот го игнорирал, но подоцна се вратил да го плати сендвичот…
Еден пратен на словенечкито парламент поднел оставка откако украл сендвич од продавница во Љубљана бидејќи, како што вели, персоналот го игнорирал.
Дариј Крајичич за локалните медиуми рекол дека се изнервирал што вработените не го забележувале и се донесувале „како да е воздух“ и решил да го провери обезбедувањето на супермаркетот така што само ишетал од продавницата.


Никој не ја забележал кражбата, но Крајичич, член на владеачката Листа на Марјан Шарец, вели дека подоцна се вратил во продавницата и го платил сендвичот.
Пратеникот се извинил и рекол дека жали за „социјалниот експеримент“.
Можеби овој настан не би се прочил доколку самиот Крајчич не им раскажал се’ на пратениците на состанокот на собранискиот одбор во средата.
„Стоев таму три минути, пред тезгата“, раскажал 54. годишниот политичар за приватната телевизија Pop.


Тројца вработени во супермаркетот, наводно, не го забележувале додека си муабетеле зад полицата. Поради тоа Крајчич, некогаш професор, одлучил да го тестира нивното внимание. „Никој не тргна по мене, никој ниту не викна“, раскажал тој, наведувајќи дека претераното потпирање на видео надзорот доведува до тоа вработените понекогаш „нешто да превидат“.
Пратениците на состанокот се смееле, но еден ден подоцна Бране Голубович, шеф на пратеничкиот клуб на партијата на Крајичич, изјавил дека неговото однесување е „неприфатливо“.
„Крајичич презема одговорност за тоа и поднесе оставка по своја волја…во склад со високите морални стандарди на Листата на Марјан Шарец“, им рекол Голубович на новинарите.
Крајичич бил избран за пратеник во септември 2018. година,кога Листата на Марјан Шарец, партија на левиот центар, станала главен партнер во владеачката коалиција.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонскиот роман и современите тенденции во светската книжевност

Денес со почеток во 13:00 часот, во амфитеатарот 3 на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во …