Американскиот актер Џејми Фокс завршил во болница поради итна медицинска помош, открила неговата ќерка Кортни Фокс.
Семејството на социјалните мрежи објави дека 55-годишниот актер претрпел „медицински компликации“ поради кои требало да биде пренесен во болница. Претходно во Атланта ја сними акционата комедија „Back in Action“ со колешката Камерон Дијаз.
View this post on Instagram
Семејството исто така соопшти дека Фокс сега е „на пат кон закрепнување“, иако не открија од каков здравствен проблем се мачи.
Сепак, TMZ го нарече неговиот здравствен проблем „медицински итен случај“ и додале дека Фокс сега „повторно комуницира“.
View this post on Instagram
„Сакавме да го споделиме ова, мојот татко Џејми Фокс доживеа медицинска компликација. За среќа, со брза реакција на лекарите и соодветна грижа, тој е на добар пат да закрепне. Знаеме колку го сакате и ги цените вашите молитви. Семејството бара приватност во овој период. Ви испраќаме многу љубов, семејството Фокс“, напишале на Инстаграм.
View this post on Instagram
Се уште не се знае кога Џејми Фокс ќе излезе од болница и кога ќе се врати на филмскиот сет.
Фото: Принтскрин/Instagram