Во 2001. година Кроу доби Оскар за улогата во „Гладијатор“, а иако тогаш беше познат како еден од најзгодните актери по кои воздивнуваа жените ширум светот, дваесет години подоцна тој изгледа целосно непрепознатливо.
View this post on Instagram
Познатиот австралиски актер Расел Кроу оваа година го прослави својот 58-ми роденден. Во 2001. година Кроу доби Оскар за улогата во „Гладијатор“, а иако тогаш беше познат како еден од најзгодните актери по кои воздивнуваа жените ширум светот, дваесет години подоцна тој изгледа целосно непрепознатливо.
Во последниве години, актерот стана многу поопуштен, а неговиот изглед, се чини, веќе не му е важен како порано. Актерот две години е во врска со Бритни Териот, која е 27 години помлада од него.
Расел и Бритни ја потврдија својата долго озборувана романса со бакнеж на тенискиот терен уште во ноември 2020 година. Се верува дека тој првпат ја запознал поранешната актерка на сетот на неговиот филм „Скршен град“ во 2013. година.
Бритни, која е како копија на поранешната сопруга на Расел, Даниел Спенсер, оттогаш стана агент за недвижнини. Тие редовно можат да се видат како летаат меѓу Сиднеј и пристаништето Кофс, каде што оскаровецот гради филмско студио вредно 400. милиони долари наречено Aussiewood.
View this post on Instagram
Двојката деновиве е во Рим, каде што Кроу го снима новиот филм „Егзорцистот на папата“, а папараците ги уловија како возат ромобили низ италијанската престолнина.
Расел има два сина, Чарли (18) и Тенисон (15) од бракот со Даниела.
Фото: Принтскрин/Instagram