(ФОТО) ПОЗНАТАТА ПЕЈАЧКА ОТВОРЕНО: „Кога имав 15. години ме злоставуваа повеќе мажи, сите се правеа дека не ме слушааат!“

Канадската пејачка Аланис Морисет во новиот документарен филм „Jagged“ изјавила дека неколку мажи сексуално ја злоставувале кога имала само 15. години.
Премиерата на документарниот филм ќе се случи следната недела на фестивалот „Торонто Интернационал филм“, а странските медиуми наведуваат дека пејачката не е задоволна од финалниот производ, па затоа нема да присуствува на премиерата на филмот.
Документарецот ќе го претстави животот на познатата пејачка, и ќе го прикаже нејзиното патување од танцова кариера во Канада до успешен музичар во Лос Анџелес.


View this post on Instagram

A post shared by Alanis Morissette (@alanis)


„Ми требаа години и години на терапија за да си признаам себеси дека сум жртва на злоупотреба. Секогаш би се обвинувала себеси за она што ми се случи, сепак, брзо ќе се сетам на реченицата:’Еј, имаше само 15 години’. Сега сум свесна за фактот дека сите тие беа педофили. Сето ова е силување пропишано со закон“, рекла пејачката, која не ги открила имињата на нејзините злоставувачи.
Таа објаснила дека неколку луѓе биле информирани за целата ситуација, но сите се „правеле дека не слушаат“.
„Нашите разговори обично завршуваа со нивното заминување од собата“, заклучила таа.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …