Канадскиот режисер и сценарист, добитник на Оскар, Пол Хагис, бил уапсен вчера во Остуна, град во јужна Италија, под обвинение за сексуален напад и тешки телесни повреди, пренесува Hollywood Reporter.
Хагис, кој доби Оскар за сценариото за „Девојка од милион долари“, но и ја освои истоимената награда за „Crash“ во категоријата најдобар филм, бил пријавен од млада жена чиј идентитет полицијата не го открива.
Таа го обвинила дека ја принудил на секс во Остуна, каде Хагис, за време на неговиот дводневен престој, требало да одржи серија курсеви на новиот филмски фестивал „Алора фест“ што ќе се одржи од 21. до 26. јуни.
Италијанската полиција известила дека жената во неделата наутро била однесена на аеродромот Папола Казале во Бриндизи и оставена таму и покрај нејзината „неизвесна физичка и психичка состојба“. Таму ја пронашол персоналот на аеродромот кој и помогнал да стигне до полицијата, но и од болницата во која била лекувана. Потоа поднела официјална пријава
View this post on Instagram
Адвокатот на Хагис, Прија Чаудри, рекла дека не може да разговара за доказите, според италијанскиот закон.
„Убедена сум дека сите обвиненија против господинот Хагис ќе бидат отфрлени. Тој е целосно невин и подготвен е целосно да соработува со властите за вистината брзо да излезе на виделина“, се вели во соопштението на адвокатката.
Ова не е прв пат Хагис да се соочи со вакви обвинувања. Во 2018. година, публицистката Хали Брест го тужела, тврдејќи дека ја силувал во нејзиниот стан во Њујорк во 2013. година, а по нејзините наводи, уште три жени излегле со обвиненија за сексуално недолично однесување.
Канаѓанецот потоа ги отфрли сите обвинувања, а судењето сè уште „виси во воздух“ откако беше одложено поради коронавирус.
Фото: Принтскрин/Instagram