(ФОТО) Пожарникари ја спасиле куќата но пораката која ја оставиле на сопствениците станала хит на Фејсбук.

Австралијанецот Пол Секфи на социјалните мрежи ја споделил пораката од пожарникарите кои му ја спасиле куќата од пожар, а потоа му се извиниле бидејќи го испиле млекото од неговиот фрижидер.
Секфи во вратил во својот дом во Нов Јужен Велс и таму ја нашол пораката од пожарникарите:„Задоволство ни е што ја спасивме вашата куќа.П.С. Ви должиме млеко“, пишувало во пораката.
Австралија со денови се бори со пожари во кои досега настрадале три лица а изгореле 150. куќи. Повеќе од 60. пожари горат во Нов Јужен Велс, пишува Би-Би-Си.
Секфи пораката ја пронашол во кујната. Во неа пожарникарите се извинуваат бидејќи не успеале да го спасат и магазинот покрај куќата, но Австралијанецот тврди дека подобра порака нема добиено уште од „утрото после венчавката“.


The best note on my kitchen bench since the morning after my wedding 😎🌈👍🏼👏👏💕

Gepostet von Paul Sekfy am Freitag, 8. November 2019


Фотографијата ја споделиле стотина луѓе а пристигнала и до пожарникарот кој ја напишал. „Мило ми е што пораката стаса до вас“, напишал Кал Харди – Портер на Фејсбук.
„Се скривме во вашата куќа и потоа го видовме фрижидерот“, додал и се извинил за „ужасниот ракопис“ со објаснување дека било „доцна и ништо не се гледало“.
„Задоволство ми е што успеавме да направиме нешто позитивно во така страшни услови“, напишал Харди-Портер.


The saving of Tuffley Hill, courtesy of Urunga RFS. Heroes and milk sneaks 😎🌈👍🏼

Gepostet von Paul Sekfy am Samstag, 9. November 2019

Иако куќата на Секфи била спасена, во неа повеќе не може да се живее, напишал сопстеникот на Фејсбук.„Нема струја ниту вода. Валкано е и веројатно се’ ќе биде полно со дим уште една недела“, напишал.
Во Нов Јужен Велс живеат шест милиони луѓе. Властите предупредуваат дека околностите би можеле да се влошат бидејќи температурата во некои делови достига и повеќе од 37. степени. Поради пожарите се затворени повеќе од 600. училишта.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …