(ФОТО) Повеќе од половина Британци сакаат на Хари и Меган да им бидат одземени кралските титули

Скоро половина од Британците мислат дека на принцот Хари и на Меган Маркл треба да им се одземат кралските титули по нивната нова серија на Нетфликс, во која уште еднаш го нападнаа кралското семејство.


Анкетата на YouGov за Тајмс покажала дека 44% од испитаниците сметаат дека на Хари треба да му се одземе кралската титула, во споредба со 32% кои рекле дека не треба. Претходно овој месец, конзервативниот пратеник Боб Сили рекол дека планира да воведе нацрт-закон за да го стори токму тоа. Тој предложил дека може да поднесе предлог-закон во 2023. година со кој ќе се овозможи гласање за резолуција со која се овластува Советот за тајни на Меган и Хари да ги одземе нивните војвотства.

View this post on Instagram

A post shared by Prince Harry (Info) (@harry.dukeofsussex)



Сили смета дека војводата и војвотката од Сасекс нападнале важни институции во Велика Британија и дека сега е прашање на политика.

Во поновата историја не се случило на кралски пар да му се одземе војводство или слични титули. Доколку тоа се случи, принцот Хари сепак би бил принц бидејќи е роден со право на тоа, а војводството му го дала кралицата како свадбен подарок. Меган тогаш би останала без титула освен ако не ја користи архаичната титула принцеза Хари.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …