Актерката била силувана неколку пати…
Актерката Мена Сувари се прослави со улогите во „Американска пита“ и „Американска убавица“. Во интервјуто кое го дала за „The Guardian“ ја отворила душата и зборувала за минатото кое се уште ја боли.
Неколку пати била силувана. Првпат тоа и се случило кога била само дете. Ја силувал пријателот на нејзиниот татко. После тоа, на 17 години таа влегла во токсична врска. Бидејќи била сè уште мала, нејзиното тогашно момче лесно ја манипулирало и сексуално ја злоставувало.
View this post on Instagram
Нејзиниот тогашен партнер ја принудувал на тројка со жените кои тој би ги избрал. Мена сфатила дека бившиот ја искористил дури години подоцна, кога случајно налетала на една од тие жени.
„Јас ѝ реков: ‘Сакам да знаеш дека никогаш не сакав да направам ништо од тоа’. Беше изненадена. Ми рече:’Тој ми рече дека ти си сакала’. За мене тоа беше откровение, сфатив дека сум била манипулиеана, а немав поим“, раскажала во интервјуто.
View this post on Instagram
За време на нивната врска била многу несреќна и не можела да се носи со ситуацијата во која се нашла. Дури и се случило да мора да побара лекарска помош по грубата врска со партнерот.
„Не бев сакана. Бев само тело, алатка за него да ги исполни своите потреби. Никогаш не сакав да зборувам негативно за работи кои би можеле да бидат здрави за другите луѓе. Многу е збунувачки кога доживуваш дека си злоставуван, бидејќи дел од тоа е задоволство. Но тој другиот дел е апсолутен кошмар, збунет си, не знаеш што е правилно“, признала таа.
View this post on Instagram
Таа денес е среќно мажена за Мајк Хоуп, со кого се венчала во 2018. година, а имаат едногодишен син.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram