(ФОТО) Потпретседателка која зборува четири јазици: Светот продолжува да коментира за наводната нова девојка на Бред Пит – „Мојот нов дечко“

Иако беше во брак со актерот Пол Весли, јавноста се заинтересира за атрактивната Инес де Рамон откако беше фотографирана на концерт на Боно Вокс во друштво на Бред Пит.
Како што пренесуваат странските медиуми, Пит се гледа со атрактивна бринета веќе неколку месеци, но двајцата се уште јавно не се изјасниле за нивната врска, а се уште се чека официјално соопштение.


И’ додека целиот свет ја чека оваа информација, медиумите ја искористија можноста да дознаат повеќе за Рамона – убавата бринета која му го украде срцето на холивудскиот актер.

View this post on Instagram

A post shared by Ines DRmn🌷 (@x.ines_ramon)


Имено, Инес де Рамон е потпретседателка на компанијата Anita Ko Jewelry – специјализирана за изработка на накит. Покрај тоа што е успешен претприемач, девојката на Бред е и лиценциран нутриционист кој течно зборува француски, германски, шпански и италијански.


Иако во јавноста нема официјално соопштение Инес де Рамон на својот профил на Инстаграм покрај сликите со Бред Пит напишала „Мојот нов дечко“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …