НОБ: Инклузивна танцовa претстава “РЕФЛЕКСИЈА”, на 3ти Декември 2022, по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Тимот на инклузивното танцово студио “ЕУРЕКА” Ве кани на инклузивна танцовa претстава “РЕФЛЕКСИЈА” во сабота на 3ти Декември 2022 по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Танцовото студио“ЕУРЕКА”четврта година по ред ја доближува инклузијата до сите нас, ја носи во секој дом и ја прави секојдневие. Ова е трета по ред инклузивна танцова претстава која има за цел да ја подигне свеста за лицата со попреченост и да поттикне нивно инволвирање во сите сфери од животот, вклучително и уметностите.
Претставата ќе се одигра на Големата Сцена во Националната Опера и Балет во Скопје од 19:00 часот.

This image has an empty alt attribute; its file name is Рефлексија_-слика-1.png


Настанот е поддржан и остварен во соработка со Министерство за Култура на Република Северна Македонија.
Настанот ќе биде проследен од сопругата на Претседателот на државата господинот Стево Пендаровски, госпоѓа Елизабета Ѓоргиевска. Поканети се претставници од Амбасадите, Бизнис заедницата, Музичката сцена и останати значајни личности од земјата. Информацијата е проследена до 90 медиуми и медиумски екипи и се надеваме на позитивен одзив од истите.

Тимот на “ЕУРЕКА”


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Мултимедијална изложба на нашиот млад графичар Стефан Јакимовски

Денес, во ЛУ Градски Музеј Крива Паланка, со почеток во 19:30 часот, ќе биде отворена …