(ФОТО) Постојаното кашлање било рак: Пиела и антибиотици, но не и помогнале – од здрава се соочува со секундарен карцином на градата!

„Не ги игнорирајте симптомите!“
Сега Вики ги предупредува другите да не ги игнорираат симптомите бидејќи тоа би можеле да бидат знаци на сериозна болест – посебно ако имале рак. Места во телото каде ракот најчесто се враќа се коските, мозокот, црниот дроб, белите дробови и кожата. И додека ракот на града обично може да се оперира или излекува со лекови или зрачење кога некому првпат ќе му се постави дијагнозата, секундарниот рак е неизлечив, бидејќи се проширил по телото и е невозможно да се следи секој негов дел.
Лекувањето најчесто се потпира на обидот за ублажување на симптомите, подобрувањето на квалитетот на живот на пациентот и нивото одржување во живот – што подолго.
„Ве молам бидете упорни ако мислите дека сте болни. Ниту јас не очекував ваков развој, но ако само една личност ова го земе као причина за одење на тестирање, нека оди што побргу – вели Британката.
Тешко и паѓа што нејзините деца подготвуваат училишна претстава а таа мора да лежи во болница. Сите ги предупредила дека би требало да земат животно осигурување „без оглед колку сте млади“.
„Мојата приказна е тажна бидеји до пред неколку недели бев во ред. Мојот сопруг е полицаец и фантастично е тоа кога другите му дадоа подршка. Тешко ни е на сите бидејќи ова дојде ненадејно, трае само две недели. Мојата коса е сеуште на главата, но ќе биде интересно за неколку недели“, рекла Вики.
Преостанатите дарувани пари ги искористиле за викенд излети.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Во вторник и во среда повторно свежо и врнежливо – Можно е ново невреме, особено во вторник

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на влажна и свежа воздушна маса од север, …