(ФОТО) РОДИТЕЛИТЕ НЕ СЕ ОТКАЖАЛЕ ОД НЕГО – КАКО ДЕТЕ НЕ МОЖЕЛ ДА ЗБОРУВА: Денес говори 9. јазици и пишува песни – а за се е заслужна една работа!

На момчето Рафаел му бил дијагностициран аутизам кога бил мал. Неговите родители на почетокот биле исплашени, но знаеле дека треба да го поддржат нивниот син. Тие решиле да ја испитаат неговата состојба и да ги проучат методите за учење за да знаат како да го подгледаат.
Нивната приказна започнала кога Рафаел имал две години и осум месеци и не можеше да каже ниту збор. Тогаш неговите родители посетиле невро-педијатар кој рекол дека Рафаел страда од невербален аутизам. Но, неговите родители не сакале да бидат врзани за единствена дијагноза па посетиле уште тројца други лекари.


Но, дијагнозата останала иста. На почетокот, неговите родители не знаеле што е аутизмот, но тие се обидоа да дадат се од себе за да го одгледаат својот син на најдобар можен начин.
Рафаел започнал со терапија, но не покажал промена, после неколку месеци. Лекарите тогаш им предложиле на родителите на Рафаел да му дадат таблет. Иако се плашеле од влијанието што ќе може тој да го има врз него, родителите на Рафаел беа подготвени на сè. Така започнала неговата интеракција со технологијата.
Рафаел ги гледал видеата на португалски, бидејќи тие живеат во Бразил, но поместувањето се случило кога песна случајно започнала да свири на англиски јазик. Неговите родители рекле: „Во тој момент очите му светнуваат заради тоа што го слушаше и гледаше. Знаевме дека нешто се сменило“. Од тој момент започна љубовта на Рафаел кон јазиците. Бидејќи има одлична меморија, тој лесно може да научи други јазици и да ги изговара совршено.


Сега Рафаел зборува девет јазици, вклучувајќи англиски, шпански, јапонски, руски, француски и германски јазик. Тој учи јазик по јазик. Кога ќе совлада еден оди кон другиот. Негов фаворит е англискиот, па најудобно комуницира на англиски јазик, па многу луѓе мислат дека е Американец и дека сега учи да зборува португалски јазик, што е тешко да го изговара иако живее во Бразил.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Најголемото велигденско јајце во Македонија

Во село Мокрино, вгнездено во Струмица, Велигден носи посебна традиција. Годинава во центарот на вниманието …