Тајлејн Блонди, најубавото девојче на светот, кое се прослави пред една деценија со рекламни кампањи, денес порасна и сè уште е многу интересна за медиумите.
Убавата Тајлејн, која беше прогласена за најубаво девојче на светот во 2007. година, израснала во прекрасна девојка за која модни куќи и познати козметички брендови се „грабаат“. Покрај тоа, минатата година таа ја освои ласкавата титула на најубавото лице на светот.
Нејзиниот живот од малечки нозе е поинаков, подинамичен и обележан со разни снимања низ целиот свет.
Денес, 18-годишната Французинка, исто така, изгледа неверојатно и ниже деловни успеси, но таа сама го прави својот распоред за да најде време за сè што сака. Како и повеќето нејзини врсници, таа моментално доживува слатка тинејџерска љубов. Таа и нејзиното ново момче, досега непознато за јавноста, уживаат на одмор на Карибите.
Неговото име е Милан Мерит и тие излегуваат од јануари годинава. Судејќи според најновите фотографии на плажа од папараците, парот не може да биде посреќен.
Разиграната и заљубени уживаат на песочната плажа, а погледите на собранитепосебно ги привлекувала згодната бринета која изгледа неверојатно добро.