(ФОТО) После сите трагедии Кијану Ривс повторно љуби: Не, не е Хали Бери!

Глумецот Кијану Ривс ги навикнал обожавателите својот приватен живот да го држи далеку од очите на јавноста, но фотографиите со непознатата бринета не можеле да и избегаат на јавноста.
Имено, папараците го фотографирале Кијану Ривс на улиците на Беверли Хилс со непозната жена. Парот се однесувал едноставно и скромно.
Моментот дека Кијану е во друштво на некоја жена многумина израдувал бидејќи глумецот поради трагичните настани од минатото одлучил никогаш да нема семејство.
Кијану Ривс имал блескава кариера но животот во минатото не го мазел.


Освен што е еден од омилените глумци во Холивуд, него папараците често знаеле да го сликаат како на улица опуштено пие пиво со бездомници на кои често им помагал. Но, неговата тешка животна приказна малку кој ја знаел се додека глумецот во една пригода не ја споделил на Фејсбук.
„Повеќето луѓе знаат за мене, но не и мојата приказна. Кога имав само три години мојот татко го напушти семејството. Страдам од дислекција што моето време во школо го направи болно а моето образование поспоро“, напишал на Фејсбук уште во 2015. година, а вака започнал…
Најдобриот пријател. Ривер Феникс, се предозирал кога Кијану имал само 23. години, но во 1998. година се чинело дека се тргнало на подобро во неговиот живот кога ја запознал Џенифер Суме за која открил дека се вљубил на прв поглед. Но, после само една година таа во осмиот месец на бременост ја родила мртвата ќерка Ава, што сериозно го нарушил нивниот однос. Тагата била огромна, а само неколку недели подоцна двојката прекинала.


Година и пол подоцна, Џенифер загинала во тешка сообраќајна несреќа, а полицискиот извештај открил дека загинала на место. Таа во тоа време се лекувала од депресија и земала два вида лекови кои полицијата ги нашла во нејзиниот автомобил.
Со неа извесно време се поврзувал и контроверзниот музичар Мерл Менсон, кој наводно, на Џенифер и продавал кокаин, но таа приказна со тек на времето се стивнала. Поради се што проживеал на љубовен план, Кијану неколку пати истакнал дека тоа е причина зошто не сака серизона врска и деца.
Но, нели во животото се вели – „никогаш не вели никогаш“, па можеби и на Кијану конечно оваа бринета му го разиграла срцето…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …