(ФОТО) После разводот се’ послаба: На Ангелина Џоли и’ хеланки и се широки

Била во ретко видено спортско издание. Облекла хеланки кои и биле широки, иако би требало да бидат припиени за нозете, и сива маичка.Обула црни патики а од сонцето се заштитила со шешир и очила за сонце…


Додека борбата за старателство е во тек Ангелина Џоли (43) со децата отишла на планинарење. Се дружеле на падините на Холивуд Хилс над Лос Ангелес, а многумина забележале дека Ангелина е премногу слаба.Била во ретко видено спортско издание. Облекла хеланки кои и биле широки, иако би требало да бидат припиени за нозете, и сива маичка.Обула црни патики а од сонцето се заштитила со шешир и очила за сонце.


Бред Пит (54) и Ангелина Џоли имаат шест деца, а глумицата секој момент го минува во нивно друштво и им помогнува да го „оздрават“ својот однос со таткото. Со Џоли на планинарење биле ќерките Захара (13) и Шилох (12), и близнаците Вивиен и Кнокс (10), меѓутоа ги немало синовите Мадокс (17) и Пакс (14).
И’ децата како и мајката, биле едноставно и спортски облечени. Се чини дека биле пресреќни што се дружат во природа, иако повеќето нивни врсници преферираат останување дома, играње игрички и с’рфање по интернет.


До неодамна бившите сопружници биле во кавга бидејќи Ангелина се пожалила дека Пит не плаќа доволно висока алиментација, а тој тврдел дека парите кои и ги дал не ги искористила за децата. Меѓутоа, пријатели на парот тврдат дека глумицата „омекнала“ и дека сака пријателски и љубезен крај на бракот со Бред.

И’ двајцата сакаат да се договорат за заедничко старателство над децата и повеќе не сакаат да водат судска битка“ истакнал пријател на двојката.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …