(ФОТО) После мачниот развод од Џони Деп славната глумица станала мајка

Актерката Амбер Херд на Инстаграм открила дека добила бебе.
„Многу сум возбудена што ја споделувам оваа вест со вас. Одлучив да имам дете пред четири години. Сакав да го сторам тоа под мои услови”, напишала таа откривајќи дека својата ќерка ја нарекла Оонаг Пејџ.


View this post on Instagram

A post shared by Amber Heard (@amberheard)


„Таа е почеток на остатокот од мојот живот“, напишала таа во соопштението.
Извори блиски до актерката за Page Six откриле дека нејзиното бебе е родено од сурогат мајка откако актерката открила дека не може да роди.
„Таа секогаш сакаше да стане мајка и сега и се исполни најголемата желба. Таа е многу благодарна на прекрасната жена која и помогна да ја донесе Оонаг на светот”, рекол изворот.
Иако Амбер само што ја откри веста, малечката Оонаг се родила на 9. април.
Веста доаѓа по мачниот развод со Џони Деп, со кого со години се влечеше на суд откако го обвини за злоупотреба.
Амбер и Џони беа во брак од 2015. до 2017. година.


Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 10 години без нашиот познат фолк пејач Војо Стојановски

Војо Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во с. Букојчани, Кичевско. Тој беше …