(ФОТО) Пораката на Сара Џесика Паркер за стареењето ќе влијае на вашата перспектива за убавината: „Не ја гледам смислата во обидот да не го прифатите одминувањето на времето“

Сара Џесика Паркер има 57 години и се чувствува одлично во шестата деценија. Актерката истакнува дека се грижи за својот изглед, но не се труди да ги избрише трагите на времето од лицето.
„Јас навистина не размислувам за мојата возраст, не го гледам тоа како нешто за кое треба да се грижам“, рекла таа, а потоа се пошегувала: „Па, не знам дали тоа е негирање или едноставно не сакам да се соочам со реалноста“, рекла славната Кери и додала:

This image has an empty alt attribute; its file name is sara-jesika-parker-1.jpg


„Не гледам поента во обидот да го запрам времето. Се разбира, одвреме-навреме се грижам за мојот изглед и сакам да изгледам презентабилно секогаш кога можам. Но, како и да е, навистина не ми е грижа за тоа што мислат луѓето за мојот изглед“, рекла Сара, додавајќи дека повеќе сака да размислува и да се грижи за работи што може да ги контролира, како облеката што ја носи.

„Како се чувствувам кога носам фустан? Тоа е она што е важно“, вели таа. „Се облекувам за да се чувствувам добро и се надевам дека тоа е интересно и за луѓето“, вели актерката која не крие дека се чувствува различни од порано.



„Не можам да кажам дека се чувствувам подобро во телото, порано можев да поминам два часа на снимање, а колената и стопалата да не ме болат“, изјавила Сара и нагласила дека се чувствува подобро во главата. „Но, во мојата глава, апсолутно се чувствувам 100 проценти подобро. Со текот на времето го акумулирате целото искуство, знаење и информации, правите грешки и учите. Колку повеќе учите, толку подобро знаете како да реагирате и да се справите со предизвиците, проблемите или разочарувањата“, вели Кери.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …