(ФОТО) Поларен бран во Германија, земјата е парализирана. На патиштата колони и до 70 километри

Невообичаено ниските температури и снежните врнежи и денеска продолжуваат да предизвикуваат големи сообраќајни проблеми во многу делови на Германија.


На еден од најважните патишта во земјата, автопатот А2 што ги поврзува Источна и Западна Германија, возачите поминале до 16 часа во ноќта од понеделник до вторник на температура до -10. Автопатот бил блокиран неколку часа, а околу градот Билефелд во Вестфалија, сообраќајниот метеж бил долг и до 70 километри.


Германската железница (Deutsche Bahn) исто така во вторникот објавила неколкучасовно доцнење и откажување на возови.


„Нашите тимови ги расчистуваат главните правци, дење и ноќе, од снег но сообраќајот е отежнат“, велат од германската железница.

Снег сè уште паѓа во северната половина на Германија, што продолжува да го блокира сообраќајот на пругите меѓу метрополите

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …