(ФОТО) Починал таткото на Џенифер Анистон: „Благодарна сум што отиде во рајот во МИР – без болка“

Актерката со емотивна порака се простила од својот татко
Џон Анистон, таткото на Џенифер Анистон, починал во петокот на 89-годишна возраст. Познатата актерка се простила од својот татко и објавила серија нивни заеднички фотографии кои ги шокирале сите нејзини фанови.

„Драг тато.. Џон Антони Анистон. Ти беше еден од најубавите луѓе што ги познавам. Благодарна сум што се искачи на небото во мир – без болка. Баш 11/11. Секогаш имаше совршен тајминг. Овој број засекогаш ќе има уште поголемо значење за мене. Те сакам до крајот на времето. Не заборавај да ме посетиш“, напишала актерката во описот на фотографијата на својот Инстаграм профил.
Џон беше и актер, најпознат по улогата на Виктор Киријакис во „Денови на нашите животи“. Таа улога почнал да ја игра во 1985. година, а на тој проект работел три децении. За оваа улога тој добил награда за животно дело.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …