Откако му заврши врската со Шакира, Пике ги полни шпанските и светските таблоиди. Шпанскиот фудбалер се поврзува со неколку различни жени, а последна на листата е македонската старлета Драгана Спасовска.
View this post on Instagram
Спасовска моментално живее во Бугарија, но не е познато како и каде го запознала познатиот фудбалер. Сепак, таа објавила фотографија со него на својот Инстаграм.
„Приказната за нас е многу актуелна во Бугарија, но сега ниту би ја потврдила ниту би ја демантирала“, изјавила таа за бугарските медиуми.
View this post on Instagram
„Секако дека го познавам Пике. Имаме и заеднички фотографии. Тоа е нешто што не можам да го негирам. Но, не можам да зборувам за сите други детали за се што се случува овие денови”, заклучила Драгана.
Фото: Принтскрин/Instagram