(ФОТО) Ричард Гир не се одвојува од сопругата: „Јас сум најсреќниот човек на светот“

Тој е холивудска легенда во осмата деценија од животот, но по својот изглед тоа не би се рекло…
Ричард Гир (72) моментално е на одмор во Шпанија, каде со семејството се релаксира на островот Форментера.
Актерот и неговата сопруга Алехандра Силва (39) се видени како се релаксираат на плажа прегрнати, а она што фотографите го забележале може да се опише како вистинска идила.

This image has an empty alt attribute; its file name is ricard-gir-so-soprugata-1.jpg


Во брак се 4 години, а актерот за Алехандра, новинарка и активистка, има само зборови на пофалба:
„Јас сум најсреќниот човек на светот. Оженет сум со убава жена која е паметна, чувствителна, посветена, забавна, трпелива, одлична готвачка и ги прави најдобрите салати на светот”, изјавил Гир за Hello.
Алехандра е, инаку, третата сопруга на Гир: во деведесеттите тој беше во брак со манекенката Синди Крафорд (1991 – 1995), додека од 2002. до 2016. година беше во брак со Кери Лоуел.

View this post on Instagram

A post shared by Alejandra Gere (@alejandragere)


Заедно имаат две деца.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Почеток на црковната година

Почеток на црковната година Првиот Вселенски Собор определи црковната година да почнува на 1 септември. …