(ФОТО) Пејачот кој бил на бината за време на пукањето го опишал хоророт во Лас Вегас:„Луѓето немаа шанси“

Кантри пејачот Џејк Овен ја напуштил бината на музичкиот фестивал Route 91 во Лас Вегас, кога започнал најголемиот масакр во поновата историја на САД.
„Ја напуштав сцената, бев при крај, отприлика 50. метри од Џејсон. Кога почна пукањето, мислев дека станува збор за пиротехника. Но, потоа слушнав како куршумите се одбиваат од сцената и видов дека има погодени луѓе“ раскажал пејачот кој настапувал пред Џејсон Алден за време на чив настап се одвивал крвавиот напад.

„Беше хотично, изгледаше како на лош филм“ раскажал Овен за Fox&Friends.
„Престана на околу 30. секунди и потоа повторно почна, во сите правци“ се потсетил Овен со кого тогаш зад бината биле и пејачот Лук Комбс и „кралот на инстаграм“, Ден Билзериан.


📸: @spideysmith

A post shared by Jake Owen (@jakeowenofficial) on


„Сите бргу избегаа од бината, некои луѓе ја прескокнуваа оградата. Кога дојдов на улица, таму веќе имаше луѓе прекриени со крв. Трчав и некако успеав да дојдам до автобусот на паркингот, без преплашен како и другите луѓе“ раскажал тој.
„Чудо е што и повеќе луѓе не се повредени. Тоа беше совршен агол за пукање, немаше шанси повеќе луѓе да избегаат од тоа место“ вели пејачот кој посебно им се заблагодарил на „полицајците и полицајките кои го ставиле својот живот на коцка за да спасат други“.
Овен за време на нападот објавил твит и и’ порачал на својата ќерка Перл дека ја сака.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …