25 години од постоењето на Авалон Продукција: Еве која ѕвезда доаѓа во Скопје


Еден од највозбудливите и најспецифични вокали на денешницата, Rag`n`Bone Man доаѓа во Скопје, на голем концерт во арената „Борис Трајковски“, на 11ти мај.

Добитникот на BRIT и Echo наградите, Rory Graham (aka Rag`n`Bone Man) идната година оди на Grand Reserve турнеја, која опфаќа 20 земји од Европа, на која на големо задоволство успеавме да го потврдиме и Скопје.


Rag`n`Bone Man неодамна го издаде својот албум првенец со наслов „Human“, кој уште во првата недела се продаде во преку 117.000 примероци и така стана најбрзо продаван деби албум од музички изведувач на деценијата! Хит синглот „Human“ кој излезе во јули минатата година, буквално ја размрда музичката сцена и се искачи на врвот на светските топ листи дури во 33 земји, а во моментов има 367 милиони прегледи на YouTube.

Покрај тоа што Rag`n`Bone Man годинава се закити со две BRIT награди, неговите турнеи во Европа и Британија се постојано распродадени.


Сите детали околу влезниците, ќе бидат познати утре во 21 часот на истото ова место.


Инаку, со концертите на ТОТО, Rag`n`Bone Man, како и уште многу други ексклузивни концертни настани предвидени за идната година, започнува прославата на јубилејот 25 години од постоењето на Авалон Продукција.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот легендарен басист Бодан Арсовски

Бодан Арсовски е роден во Куманово на 22 април 1956 година. Неговите родители рано се …