(ВИДЕО) Хаос во Лас Вегас: Убиецот самиот си пресудил-Одговорноста ја презела Исламската држава!

Повеќе од 22.000 луѓе имало на концертот во текот на кој 64. годишниот Стивен
Падлок направил масакр усмртувајќи 50. луѓе а ранувајќи 406.
Според најновите информации, Исламската држава ја презела одговорноста за масакрот во Лас Вегас, а нивната агенција Амак наведува дека напаѓачот Стивен Грег Падлок пред неколку месеци преминал на ислам, но американските официјални лица тврдат дека нема докази за тоа, јавуваат светските агенции.
Извршителот на најголемото масовно убиство во поновата историја на САД си пресудил самиот пред полицијата да влезе во неговата хотелска соба.
Падлок почнал да пука за време на одржувањето на фестивалот на кантри музика „во градот на коцката“. Пукал од 32. спрат на хотелот и предизвикал смрт на 50. лица. Полицијата бргу ја пронашла неговата соба бидејќи, после пукањето се создало многу дим и се активирал противпожарниот аларм. Влегувајќи во неговата соба полицијата пронашла десет парчиња оружје.

Полицијата објавила дека верува дека станува збор за еден напаѓач, кој веројатно извршил самоубиство.Станува збор за 64. годишниот белец Стивен Падлок. Неговите мотиви не се познати. Во текот е потрага по неговата помошничка Марилоу Данли.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 21 година без нашиот истакнат актер Кирил Ќортошев

Кирил Ќортошев е роден во Ќустендил на 14 февруари 1922 година. Тој беше истакнат македонски …