(ФОТО) ПЕЈАЧКА (30) ЗАГИНАЛА: Пред смрт објавила „story“ на кои плаче во автомобилот!

Американската кантри пејачка Кајли Ре Харис загинала во сообраќајна несреќа која се случила утрово.
Дошло до судар на три возила, во Њу Мексико, а пејачката била на пат кон градот Таос. Како што пишуваат американските медиуми, зад пејачката останала шестгодишна ќерка. Нејзиното семејство ја потврдило трагедијата и ги замолиле новинарите да ги почитуваат нивните моменти на приватност.
Друштвото на Инстаграм се наежило од нејзините неодамнешни објавуви на оваа социјална мрежа. Во последните неколку приказни (story), пејачката плачела во автомобилот, но им порачала на фановите дека плаче од среќа и е многу уморна. Таа само рекла дека е пресреќна што после 12. часа конечно пристигнала во Таос, кој била нејзината дестинација затоа што требал да одработи свирка.

Рекла дека за Таос ја врзуваат имала сеќавања на нејзиниот татко и сестри и се расплакала за нејзиниот татко кој не е жив.
На Твитер, неколку часа пред нејзината смрт, се пожалила дека и снемува гориво.
Многу пријатели, познаници и обожаватели оставаат проштални пораки под нејзините најнови слики на Инстаграм.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Репертоар за Мај во Театар Комедија

Мај е еден од најубавите месеци во годината кога пролетта е во целиот свој сјај. …