(ФОТО) НЕВЕРОЈАТНО: За 13. месеци станала мајка на четири деца

После три неуспешни обиди за медицинско помагано оплодување и еден спонтан абортус, Трејси Калиендо не се откажала од желбата да стане мајка.
Кога од четвртиот обид во ноември 2016 година дознала дека успеала да забремени, решила да даде се од себе повторно да не доживее разочарување. Таа и нејзиниот сопруг Пит Пасецки ангажирале сурогат мајка, во која биле имплантирани два ембриони.


„Се одлучивме на два ембриона за да може барем една од нас да има бебе. Таа ми рече дека не сака близнаци и јас и реков да не се грижи затоа што шансите за тоа да се случи се скоро нула“, раскажала Калиендо за списанието People.
Сепак, не била во право – сурогат мајката родила близнаци.
„Не можевме да веруваме во тоа“, додава тој.

И Калиендо успеала да ја издржи бременоста до крај,го родила девојчето Харлоу во август 2017 година, а сестрите близначки, Пипер и Присли, од сурогат мајката се родиле во јануари 2018 година.
Со три бебиња родени во рок од неколку месеци, таа не можела ниту да сонува што да ја чека. Таа беше пресреќна што конечно има големо семејство за кое отсекогаш сонувала, а набрзо дознала дека е повторно бремена.

„Не се обидувавме а успеав да останам бремена природно“, открила таа.
Бременоста била голем ризик, бидејќи таа страдала од „плацента акрита“. Нејзината плацента абнормално сраснала со матката, па морала да ангажира специјалистички тим за да ја следи.

„Одев на прегледи на секои две недели од моментот кога дознав дека сум бремена а како се приближуваше датумот на раѓање и почесто. Не смеев да го напуштам ниту Њујорк“, додала таа.
На 21.09.2018 година, во 29. недела, таа родила син. Иако првите денови од животот ги поминал на одделот за интензивна нега, денес е среќно и здраво момче.

Калиендо од претходниот брак го има 12-годишниот син Хантер, така што тие сега живеат како семејство од седум члена.
“Стануваме во 6. часот наутро, си играме до 7. часот наутро, појадуваме во 9. часот наутро, ручаме напладне, одмораме до 12 и вечераме во 17. Ние буквално живееме на час. Без оглед колку беше тешко и порано, секогаш се сеќаваме колку ни траеше да дојдеме до ова “, заклучила гордата мајка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …