(ФОТО) Откриено е дали принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на Чарлс III

Принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на неговиот татко, кралот Чарлс III во Лондон, а Меган Маркл ќе престојува во Калифорнија со синот Арчи и ќерката Лилибет, јавуваат светските медиуми.
Бакингемската палата ја потврди информацијата во денешното соопштение, велејќи дека „со задоволство потврдуваат“ дека војводата од Сасекс ќе биде во Вестминстерската опатија на 6 мај.

Војвотката ќе остане дома во резиденцијата на парот во Монтесито со едногодишната Лилибет и Арчи, чиј четврти роденден е на истиот ден со настанот, пишува Daily Mail.
Хари и Меган ја одложувале својата одлука дали да присуствуваат на церемонијата.
Се смета дека неизвесноста околу присуството на семејството Сасекс ги оставила кралските службеници неспособни да потпишат договор за седење, транспорт и безбедност.



Портпаролот на палатата го потврди присуството на војводата од Сасекс на 6 мај, ставајќи крај на шпекулациите за неговото пристигнување.
Пријател на семејството Сасекс, Омид Скоби, се огласи на Твитер, коментирајќи дека ова ќе биде „брзо патување за принцот Хари кој оди во Велика Британија само за да присуствува на крунисувањето на неговиот татко“.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …