(ФОТО) ОПАСЕН МАНИКИР: Ќе останела без прст, а сега упатува апел до сите жени кои прават нокти!

Таа сега се обидува да ја подигне свеста кај жените за ризиците кои владеат во салоните за маникир.
Жена чиј идентитет не е откриен доживеала хорор откако била на маникир – малку недостасувало да остане без прст по правењето на нокти во некој козметички салон.
Таа верува дека инфекцијата настанала од нестелизираните инструменти кои ги користат за маникир и предупредува жените да внимаваат кога одат на средување на ноктите.
Вака почнало се:
Била на третман на ноктите, а кога завршила со средувањето забележала дека на врвот од прстот има мал оток и веднаш заминала на лекар каде и биле дадени антибиотици и упат за на клиника.
Два дена подоцна, отокот почнал да расте, а прстот да потемнува. Кога стигнала во болница прстот целосно и поцрнел, па и било кажано дека најверојатно ќе треба по пат на хируршки зафат да ѝ го отстранат.
Но, за среќа операцијата поминала успешно и докторите успеале да ја отстранат инфекцијата.
Таа сега се обидува да ја подигне свеста кај жените за ризиците кои владеат во салоните за маникир.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани наши, уживајте во убавото пролетно топло време се до …