(ФОТО) Објавена новата корона карта на ЕУ: Нема зелени области!

Европскиот центар за контрола и превенција на болести објави нова мапа на короната на Европа, која ја ажурира секој четврток.


Боите за поединечни области се одредуваат со комбинација на потврдени случаи на инфекција во изминатите 14. дена на 100.000 жители и процентот на тестираната популација, а врз основа на оваа карта, секоја земја може да ги заостри условите за влез.
Што се однесува до овонеделната карта, ниту една земја се уште не е во зелената зона, а состојбата е влошена.
Како и во претходниот период преовладуваат црвената и темноцрвената зона, додека мал број делови од Европа се во портокаловата зона.
Сепак, за разлика од минатата недела кога поголемиот дел од Италија беше во портокаловата зона, оваа недела неколку региони преминаа во црвената зона.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …