(ФОТО) Нови проблеми за Џим Кери: И’ од гробот починатата девојка го открива во лошо светло – “Ме воведе во свет на кокаин, проститутки, болести…”

Катриона Вајт во 2013. година си го одземала животот со предозирање.
Семејството набрзо во јавноста излегло со шокантни информации за Џим Кери, нејзиното поранешно момче, обвинувајќи го за се’ што и се случило на Вајт.
Во јавноста се појавила и порака која поранешната девојка на Џим Кери, Катриона Вајт, му ја испратила на славниот актер. Во неа го обвинува што ја вовлекол во живот полн со пороци, секс, дрога, проститутки, и го обвинува дека и пренел херпес. Daily Mail пишува дека пораката на несреќната Катриона е пронајдена на нејзиниот iPad, но не е потврдено дали ја пратила. Ја откриле адвокатите и нејзиното семејство.

Да се потсетиме, Катриона Вајт во 2013. година си го одземала животот со
предозирање. Семејството набрзо излегло во јавноста со шокантни информации за
Џим Кери, нејзиното поранешно момче, обвинувајќи го за се што и се случило на
Вајт. Дека не останале само на зборови кажува и фактот дека имаат тим од
адвокати кои судски го гони Кери, кого индиректно го обвинуваат за смртта на
својата ќерка. Тврдат дека Катриона се одлучила на очајничкиот чин откако тој
и дал таблети и откако од него добила полово пренослива болест.


Актерот тврди дека е невин. Во пораката од 2013. година, Катриона пишувала за врската со Кери така како што ја доживувала: “Не размислуваше за стигмата која ќе ја носам до крајот на животот. Никогаш не се извини и не се понуди да помогнеш. Не се ни чувствуваше виновен. Не ме праша ни како се чувствувам поради тоа. Уште те сакам и мислев дека ми ја прати таа порака бидејќи ти
значам. Сакав да му кажам на адвокатот дека не сакам да продолжам со тужбата, но тогаш сфатив дека твоите нови адвокати те советувале да ми се јавиш. Ти добро знаеш што сакам, а тоа не се твоите пари. Веројатно и оваа порака ќе ја искористиш против мене. Ми пренесе херпес. Сакам да се извиниш поради тоа. Сакам да разбереш дека тоа ми го уништи животот, колку и да е неважно за
тебе” напишала меѓу другото Катриона.

Додала дека ја запознал со најлошите работи во животот. “Ти ме запозна со кокаинот, проститутките, психичкото злоставување и болестите. Направи за мене и добри работи, но ме скрши како личност. Останав со тебе бидејќи те сакав, а ти ме отфрли откако искористи се’ добро во мене” напишала таа во пораката.
Но, иако сега семејството користи се што може за да што повеќе го оцрни актерот, нив никаде ги немаше кога Катриона требало да биде погребана, а тогаш се на себе презел токму Џим Кери. Интересно е дека се’ започнал, наводно, сопругот на Катриона, кој прв дошол до нејзините пораки. А, сега во „ловот на Кери“ се вклучило и семејството…кое го обвинува дека на Катриона и давал лекови кои му биле препишани нему…
Останува да видиме како адвокатите на актерот ќе се спротивстават на сите овие обвинувања…


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …