Нова поштенска марка „75 години од раѓањето на Мухамед Али“

Македонска пошта промовираше нова поштенска марка со ликот на Мухамед Али. Промоцијата на поштенската марка „75 години од раѓањето на Мухамед Али“ се поклопува со боксерските мечеви од второто коло на Македонската боксерска лига.

„Бирото за филателија на Македонска пошта одбележува значајни личности и настани од домашната и светска јавност. А спортот е тема која секогаш предизвикува големо интересирање кај колекционерите. Несомнено, боксерската легенда Мухамед Али е една од личностите кои со право се наоѓаат на поштенската марка, во издание на Бирото за филателија на Македонска пошта. Марка која ќе биде дел од богатите филателистички колекции како на домашните, така и на светските филателисти, кои како страсни колекционери сигурно би сакале да го имаат и ова парче хартија“, рече на промоцијата на новата поштенска марка генералниот директор на Македонска пошта, Фадис Реџепи.


На промоцијата присуствуваа градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити и претседателот на Боксерската федерација на Македонија, Игор Златков.
Поштенската марка „75 години од раѓањето на Мухамед Али“ со номинална вредност од 86 ден. и тираж од 6.003 примероци е дело на дизајнерката од Бирото за филателија, Лариса Живковска Донев.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …