(ФОТО) Нова серија – старо лице: Али Неџет од „Јазол“ приватно – тазе женет,екс-кошаркар и модел!

Есента е секогаш период кога на тв екраните стартуваат нови проекти, но најчесто тоа се серии…од турско производство…
Деновиве на телевизија Сител започна да се емитува новата турска серија насловена „Јазол“, која уште од самиот старт поради драматичните сцени ги освои симпатиите на публиката.
Главната улога ја има актерот Ибрахим Челкол кој во својата досегашна актерска кариера има снимено околу 12. серии и играни филмови.
Пред да ја започне својата актерска кариера Ибрахим бил спортист, односно кошаркар и модел кој често бил на насловните страници од модните магазини.


Изминатиот 24.тти мај оваа година тој се ожени со својата партнерка Михре Мутлу и на своја 35 годишна возраст го заклучи својот ергенски живот.

Свадбата се случила покрај море, а за истата пишуваа сите турски медиуми. Ибрахим не е многу активен корисник на социјалните мрежи, но од приложеното на дел од фотографиите тешко би го препознале со брада.



©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …