(ФОТО) НОСИ ПОСЕБНО СКАП НАКИТ – Џорџина прошетала по улиците на Манчестер во модна комбинација вредна два милиони евра

Џорџина Родригез често привлекува внимание со своите комбинации, а последната од серијата беше во фокусот на јавноста поради цената. Манекенката се прошетала низ Манчестер во комплет вреден два милиони евра, а најскапи од комбинацијата биле модните додатоци.
Благодарение на стилот и начинот на облекување, но и тоа што е девојка на фудбалерот Кристијано Роналдо, Џорџина често е во центарот на вниманието.
Со објавување фотографии на својот Инстаграм профил таа покажала облека чија вредност достигнува вртоглави 2 милиони евра, најмногу благодарение на модните додатоци кои ги носела.
Шпанката се прошетала по улиците на Манчестер во син фустан на Стела Макартни од 1.900 евра, кој ја истакна нејзината неверојатна фигура.

На нозете носела LeSilla потпетици вредни 765 евра. Чантата Хермес која ја држела чини 94.000 евра.
Модните додатоци кои ги носела тој ден, два прстени и многу скап часовник, значително ја зголемиле цената на аутфитот.
Првиот е прстен со дијаманти и сафири од 800.000 евра, а вториот е картие од 700.000 евра. Аутфитот го комплетирала со часовник Ролекс вреден 550.000 евра.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …