(ФОТО) Разочарувачка фотографија од една од најубавите плажи на светот: Негативната страна на туризмот!

На социјалните мрежи се шири фотографија од една од најубавите плажи во светот – заливот Навагио во Грција, а многумина се разочараа откако го виделе количеството отпад што го оставиле туристите.
Камчестата плажа Навагио се наоѓа во истоимениот залив, кој е украсен со бели карпи и тиркизни нијанси на синото Јонско Море, а до него може да се стигне само со брод.

Се наоѓа на островот Закинтос, а важи за „заштитно лице“ на разгледниците и привлекува огромен број туристи. Но, туристите и гужвите кои таму преовладуваат во текот на летото имаат негативна страна.
Неодамнешната фотографија од оваа идилична локација ги разочара корисниците на социјалните мрежи поради количината на ѓубре најдено на неа.


Екологот Михалис Бакас на својот Фејсбук профил ја објавил фотографијата и се запрашал како може туристите да бидат толку несовесни.


View this post on Instagram

A post shared by ♎︎ Mara (@maraazaninoni)


„Грчко лето 2022. Не можам да разберам како можеш да платиш за да одиш на една од најубавите плажи во светот на неколку часа и да го оставиш ѓубрето таму“, напишал тој.
Шефот на островот Никитас Аретакис за локалните медиуми објаснил дека до неодамна плажата била во надлежност на општината и дека тие го отстранувале ѓубрето, но дека тоа веќе не е нивна одговорност.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …