Однесувањето на војвотката од Сасекс било причина за константни кавги во кралското семејство.
Иако се венчани само една година, животот според кралските правила веќе почнал да го зема данокот во врската помеѓу принцот Хари и војвотката Меган Маркл. Дошло до таму што принцот ја молел сопругата да почне да оди на терапија кај психолог.
„Распнат помеѓу улогата на родител, кавгите со братот Вилијам и снаата Кејт, очекувањата од кралицата и народот и скандалозното семејство на својата сопруга, Хари само што не ‘експолодирал, а ниту Меган не е далеку’“, вели извор за RadarOnline.
Како што сме имале можност да видиме, уште откако се венчале во мај 2018., Меган не криела дека не и се допаѓаат кралските протоколи и јавно ги игнорирала.
„Меган чувствува дека правилата и забраните кои ги почитува кралското семејство не се во склад со денешното време и миленијалците на кои таа самата припаѓа. Меган и Хари ја почитуваат тардицијата, но сакаат работите да ги прават на свој начин“, вели изворот.
Однесувањето на Меган Маркл станало повод за константни расправии во кралското семејство, што само придонело на и онака стресната ситуација. Јасно се гледа дека односите помеѓу браќата и јатрвите се крајно затегнати, што особено се видело на крштевката на принцот Арчи.
Иако се’ минало според протоколот, на семејниот портрет сите се смеат освен принцот Вилијам, додека сите ја забележале и исклучително чудната насмевка на лицето на кејт Мидлтон, која укочено седела оддалечувајќи се од Меган, колку повеќе можела.
Принцот Хари јаво ја поддржува стручната терапија и не се срамел да признае дека побарал помош од психолог во врска со паниката и бесот со кои не можел да се справи, особено после смртта на мајка си.
„Тој одамна рекол дека психотерапијата во минатото го спасила и смета дека истата помош и е потребна и на Меган, пред да биде доцна“, заклучил добро упатениот извор.
Фото: Instagram