Последните денови социјалните мрежи се преплавени со фотографии на познати личности кои го прифатиле предизвикот под наслов #10YearChallenge (10. години предизвик), и објавиле како изгледале пред 10.години.
Предизвикот не сакал да го пропушти ниту моментално најдобриот тенисер на светот кој ниту овојпат не ја пропуштил приликата да ја покаже својата духовита страна.
На теренот голем професионалец, еден од најдобрите тенисери на сите времиња Новак Ѓоковиќ никогаш не криел дека е подготвен за шега, на своја или туѓа сметка. Со своите досетки и „местенки“ ги воодушевува сите, а сега до солзи насмеал скоро 5. милиони обожаватели кои верно го следат на неговиот профил на Инстаграм.
Имено, Ѓоковиќ одлучил да го прифати #10YearChallenge, предизвик кој последните денови „го залудел“ цел свет, особено познатите личности, кои не престануваат да објавуваат фотографии стари десет години. По нив се повел и Новак Ѓоковиќ кој објавил фотографија на која во црни гаќички за капење оди по модната писта,кога во една пригода го ангажирале како манекен, додека на другата фотографија е снимен додека трча, исто така во гаќички за карење.
Иако, инаку, не трча во гаќички за капење, објаснил дека станува збор за загубен облог од братот, кој јасно се гледа на фотографијата зад него како „умира од смеење“ додека го следи на велосипед и се’ снима со мобилниот – како доказ.