Во минатото корсетите биле составен дел од женската долна облека, но со тек на време станале парче за облекување.
За нивната популарност низ годините придонеле бројни славни трендсетерки, од Мадона до Ким Кардашијан, а минатото лето во мода се обидела да ги врати и Кајли Џенер која на својот профил на Инстаграм објавила фотка на која позира во разигран цветен фустан преку кој облекла свилен бел корсет.
Сега во корсетот се вовлекла и една од најголемите балкански трендсетерки.
Секако, станува збор за Северина, која на Инстаграм објавила предизвикувачка фотографија на која носи црвен корсет со ремен во струкот и во описот само напишала „Can’t touch this” (ова не можеш да го допреш).
„Најубава“, „Совршена“, „Многу згодна“, се само некои од коментарите кои ги добила на сметка на својот изглед и стајлинг, а фотографијата за само еден час собрала и десетици илјади лајкови па и не би не изненадило ако корсетите сега повторно станат попопуларни во регионот.