(ФОТО) Ешли Грахам ја објавила првата фотографија од новородениот син

Две и пол недели откако на свет го донела своето прво дете,Ешли Грахам, објавила црно-бела фотографија и така на светот му го претставила синот.
На социјалните мрежи споделила две фотографии на кои ја држи раката на синчето кого го родила на 18. јануари во 18. часот, а сега открила уште некои детали како оној дека бебето по породувањето тежело 3316 грамови.


„Запознавањето на нашиот син ги исполни нашите срца“, додала и напоменала дека повеќе детали ќе открие во поткастот Pretty Big Deal кој светлината на денот ќе ја здогледа во среда.

Најпознатата плус-сајз манекенка на светот детето го добила со сопругот Џастин Ирвин со кого е девет години во брак.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …