(ФОТО) НЕПОМИРЛИВИ РАЗЛИКИ – СЕ РАЗВЕДУВААТ МАЈКЛ ДАГЛАС И КЕТРИН ЗИТА ЏОНС: Во брак се 20. години, а поради ова на се’ ДОШОЛ КРАЈ!

Кетрин Зета-Џонс (50)  и Мајкл Даглас (75) наводно се разведуваат поради големата разлика во години, пренесуваат странските медиуми.
Тие се во брак веќе 20. години, а се шпекулира дека Мајкл смета дека неговата сопруга се досадувала.


View this post on Instagram

Happy Mother’s Day to our favorite person! We love you @catherinezetajones ❤️#MothersDay


A post shared by Michael Douglas (@michaelkirkdouglas) on


„Љубовта што ја чувствуваа еден кон друг со години се чини дека веќе не е доволна за бракот да преживее. Главната причина за несогласувањето, предизвикано од возраста, е тоа што актерот достигнал фаза во својот живот кога наводно сака да се смири и да забави. Од друга страна 25. години помладата Кетрин сè уште има многу сили и ја гради својата филмска кариера многу амбициозно“, рекол извор.

Иако медиумите честопати пишувале за нивниот развод, наведувајќи дека ќе издвојат најмалку 350 милиони долари само за конечно да се стави крај на бракот, овој пат за прв пат како голем проблем се наведува разликата во години (25). Од друга страна, било напишано за тоа дека помладата актерка жали за својата одлука и сè уште се обидува да го спаси бракот, а неодамна таа на својот профил на Инстаграм објавила фотографија од него со опис: ‘Јас сум толку горда на тебе, мојата љубов’, коментирајќи ја неговата номинација за Еми. Инаку, парот е во брак 20. години, а имаат и две деца, 20-годишниот Дилан и 17-годишниот Керис.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стенд ап настап на Александар Георгиевски – G Vision вечерва во Оро

Третиот по ред стенд ап во Оро, ќе се одржи денес, со почеток во 21:00 …