(ФОТО) Ненадеен гостин: Том Круз со хелихоптер слетал во дворот на непознати луѓе а потоа направил нешто неверојатно!

Понекогаш и тоа се случува
Том Круз случајно слетал со хеликоптер во дворот на едно семејство, кое во тоа време не знаело дека станува збор за познатиот актер.
Хеликоптерот со познатиот актер слетал во градината на ова семејство, бидејќи локалниот аеродром во Ковентри бил затворен. Тој престојува во Ворвичир поради снимањето на новиот филм, односно продолжението на филмот „Невозможна мисија“.

Сопственичката, Алисон Веб, за странски медиуми, изјавила дека не знаела дека се работи за Том Круз, но некои луѓе и рекле дека станува збор за ВИП личност која е славна.
Потоа следувал неверојатниот потег на славниот актер…
– Мислев дека би било одлично за децата да видат како хеликоптер слетува во градината. Пристигна и излезе, и беше како: „Леле“. Отиде директно кај децата да разговараат, а потоа ми се приближи и рече благодарам. Потоа на децата им рече дека ако им е дозволено и ако сакаат можат да влезат во хеликоптерот.
– Излезе дека е неверојатен ден. Беше надреално, се уште не можам да верувам дека се случи – рекла таа.


Фото: Принтскрин/YouTube/Flicks And The City Clips

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …