(ФОТО) „РОЛИНГ СТОУНСИ“ ДОНЕЛЕ ЕДНОГЛАСНА ОДЛУКА: „На Чарли Вотс ќе му оддадеме почит на посебен начин – тој би го сакал тоа!“

„Ролинг Стоунси“ планираат да му оддадат почит на починатиот тапанар Чарли Вотс на турнејата следниот месец.
Групата е многу тажна поради смртта на 80-годишниот Чарли, но тие велат дека би сакале да ја продолжат својата американска турнеја. Мик Џегер (78), Кит Ричардс (77) и Рони Вуд (74) ја продолжуваат турнејата „Без филтер“ во Сент Луис, Мисури, на 26. септември.


Чарли веќе се повлече од турнејата по медицинска процедура овој месец. Еден музички инсајдер рекол:
– Бендот сака да го направи шоуто прослава на неговиот живот. Тој им беше како брат, но тие знаат дека тој ќе ја мрази мислата да ја откажаат турнејата. Чарли им го даде својот благослов да патуваат без него по операцијата, па тие ќе ја исполнат неговата желба – пренесува The Sun.

Фото: wikipedia


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …