(ФОТО) Не заработуваат само за себе: Ова се најхуманите спортисти во светот

Скоро и непоимливо е да се биде успешен спортист, без огледа со кој спорт се бави, да се нема хуманитарна организација, да не им се помага на децата…
Во светот има многу луѓе на кои им треба помош и живеат на работ на егзистенцијата, се борат со болести или немаат ни вода за пиење. Од другата страна на контратежата се ултра-богатите бизнисмени, но и популарни личности.Меѓу нив се и спортистите.Освен што го живеат својот сон и заработуваат милиони, тие се сепак луѓе. А, поголеми луѓе ги прави тоа што се баш луѓе и кон другите, односно, кон оние на кои најмногу им треба човечност и хуманост.
Ова се најхуманите спортисти.

6. Леброн Џејмс
Тој активно ги поддржува „Boys & Girls Club of America“, организација која се грижи за позитивни вон-наставни содржини за учениците во Америка, „the Children’s Defense Fund“ – организација која ги застапува правата на децата и врши истражувања за нивните добра и „ONEXONE“ – организација чија филозофија е дека секој живот е важен и се грижи за луѓе кои се на работ на егзистенцијата.
Неодамна оформил и своја организација „LeBron James Foundation“, а почнал да доделува целосни стипендии на студенти на „Акрон Универзитет“, каде се запишуваат студенти од најразлични области, а поврзани со медицински истражувања.


5. Нејмар
Учествуваше активно во кампањата на ФИФА против еболата, склопи партнерство соPayPal за да се донесе чиста вода секаде во Бразил преку организацијата „Wavesfor Water“ и основаше свој институт „Neymar Institute project“ кој е институција која овозможува образование и спорт на децата од Сао Паоло.

4. Јуна Ким
Оваа корејска лизгачка на мраз и мастер во уметничко лизгање е назначена за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ за Олимписките игри 2018-та година.
Оваа титула ја добила поради нејзините бројни активности поврзани со донации на болни деца и потреби на децата.


3. Серена Вилијамс
Познатата тенисерка е веќе Амбасадор на добра волја. Нејзината фондација обезбедува стипендии на непривилигираните студенти во Америка.
Работи активно и со Фондацијата на Елтон Џон која се бори против сидата и финансира и поддржува многу фондации на познати личности кои делуваат во различни сфери и финансира многу инстутуции од образованието, како и студенти лично.

2. Џон Цена
Џон Цена минатата година исполнил над 500 желби во „Make a wish“ фондацијата.
Тој исто така го држи и рекордот за најголем број на исполнети желби во една година за оваа фондација, која реализира желби на болни деца од тешки болести.
Вклучен е со големи суми во Фондацијата Сузан Комен, чија функција е подигање на свеста за рак на дојка.


1. Кристиано Роналдо
Фудбалерот е на прво место на оваа листа. Последната донација која одекна во медуимите е целосната финансиска покриеност на 10 годишно дете за операција на мозокот од рак која чинеше околу 100.000 долари.
Негово дело се уште многубројни донации кои и не и се познати на јавноста бидејќи тој не сакал да се знае за неговата хумана страна. Минатогодишната премија (600.000 евра) за освојување на Лига на шампионите ја подарил на тие на кои им треба помош (му наредил на неговиот агент да најде болни деца на кои им е неопходна помош).
Има донирано и големи суми на пари на центарот за борба со ракот во Португалија, кој и помагал на неговата мајка во борбата со ракот.
Исто така, бил еден од најактивните членови во кампањата на ФИФА против еболата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …