Почнува меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“

Во петте фестивалски денови публиката ќе може да види 14 театарски претстави од Македонија, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Косово.
Во центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, вечерва, со почеток во 20. часот, свечено ќе биде отворено 25-то издание на меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“.
Како увертира на свеченото отворање ќе биде отворањето на изложбата „ФКТ низ објективот на Сречко Гунчев, на која ќе бидат изложени фотографии од досегашните изданија на фестивалот, а фестивалската сцена ќе биде отворена со претставата на Националниот театар на Косово „Коските што доцна доаѓаат“ од Теки Дервиш, а во режија на Мартин Кочовски.
Во петте фестивалски денови публиката ќе може да види 14 театарски претстави од Македонија, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Косово, чии актери ќе се натпреваруваат за единствената награда што го носи името на доајенот на македонското глумиште Ристо Шишков, која што се состои во паричен износ од 1.500 евра и златен медалјон со ликот на Шишков.
Во рамките на 25-то издание на фестивалот ќе биде промовирана и книгата „Глумецот….е глумец…е глумец“ на минатогодишниот лауреат, Зијах Соколовиќ.
Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ се одржува под покровителство на општина Струмица и Министерството за култура.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …