Имале се’ што можеле да замислат, но многу од овие ѕвезди со години чекале да им се оствари една од најголемите животни желби – да станат родители. Имале проблеми со плодност и мака мачеле со зачнувањето па многумина се одлучувале на вештачко оплодување или на опцијата кој е се’ почеста, но и единствен избор во селебрити светот – сурогат мајчинство.
Модерната сурогација вклучува гестацијски сурогат кога парот ќе донира сперматозоиди и јајце кои потоа се оплодуват во епрувета и потоа се имплементира во сурогат мајката.
А, ова се некои од ѕвездите кои добиле деца со помош на сурогат мајки.
Откако во 2002. година го родила синот Џејмс, Сара Џесика Паркер (52) и сопругот Метју Бродерик (55) во 2009. година го прошириле семејството. Со помош на сурогат мајка ги добиле близначките Марион и Табита. Иако својата одлука се обиделе да ја скријат од јавноста, таблоидите успеале да дојдат до сите информации.
И’ Никол Кидман имала проблеми со зачнувањето откако на свет ја донела првата ќерка Сандеј Роуз. Второто дете, ќеркичката Феит, со сопругот Кејт Урбан, ја добила со помош на сурогат мајка, а глумицата не криела колку целиот процес бил емотивен за неа и нејзиното семејство.
Глумицата Луси Лу, која во актерскиот свет се прославила во серијата „Али МекБил“ станала мајка на момчето Роквел Лојд Луи во август 2015. година, но името на таткото не го открила. За својот приватен живот, во јавност, никогаш не зборувала, но наводно во 2000. година го љубела Џорџ Клуни, иако никој од нив тие шушкања никогаш не ги потврдил. Луси уште ја поврзувале со бизнисменот Ноа Готесман, глумецот Вил МекКормик и режисерот Зак Хелм. Откако во нејзиниот живот влегол синот Луси станала вистинско заговорник за правата на модерните семејства.
И’ Мајкл Џексон, прерано починатиот крал на попот, во 2002. година со помош на сурогат мајка станал татко на Принс.
Тајра Бенкс (44) една од најуспешните манекенки на сите времиња јавно зборувала за борбата со неплодноста и некои трауматични искуства како што е вонтелесното оплодување. Но,мајка конечно станала во јануари 2016. година кога во емотивно обраќање и заблагодарила на жената ангел, како ја нарекувала, што неа и на нејзиниот партнер Ерик Асли, после долги години чекање, на свет им го донела синот Јорк.
Водителката на E! News, Џулијана Ранциќ, и нејзиниот сопруг Бил во 2012. година го добиле своето прво дете. Сурогат мајка им го родила синот Едвард.
Џулијана со години се борела со зачнување, но и со рак на дојка, а откако ја победила оваа свирепа болест, и се остварила големата желба да стане мајка што неа и на сопругот Бил им го променило животот.
На глумицата Елизабет Бенкс и сопругот Макс Хенделман и’ двете деца, синовите Магнус и Феликс на свет им ги донела сурогат мајка.
На овој начин дете доби и Ким Кардашијан на која после двете бремености лекарите не и препорачувале повеќе да раѓа.Неодамна сурогат мајка неа и на Канје Вест им роди девојче.
Еден од најпопулрните фудбалери на светот Кристиано Роналдо првите три деца ги доби од сурогат мајки.
Прво пред осум години се роди синот Кристиано Роналдо Јуниор, а во јули, минатата година, и’ близнаците Матео и Ева.