(ФОТО) Ким Катрал: Софија Вергара може да ме замени во „Сексот и градот“

Глумицата тврди дека не го запира снимањето на филмот кое требало да започне во септември минатата година. Катрал сака да прави работи кои ја усреќуваат, а истакнува дека улогата на Саманта Џонс не е една од нив…

„Таа е една од многуте фантастични глумици која би можел ликот на Саманта Џонс да го створи на свој начин“ коментирала Ким Катрал (61), за колешката Софија Вергара (45). Вели дека не треба неа да ја доживуваат како „кочница“ за третото продолжување на филмот „Сексот и градот“ и дека е возможно да ја заменат.


2 Strong Lasses from Liverpool. Thanks, Mom for all your ❤️ & support. #ynwa

A post shared by Kim Cattrall (@kimcattrall) on


Глумицат го дала својот предлог откако ја гледала Сара Џесика Паркер (52) кај Елен ДеГенерис (59) и се пошегувала дека таа и продуцентите се во период на тагување поради одлуката на Ким.
„Кога ќе завршиме со плачењето би можеле тебе Елен да те земеме во предвид како Саманта“ предложила Паркер и додала дека сценариото е готово, прекрасно, емотивно и смешно, но дека иднината на проектот и понатаму е нејасна. Нејзината идеа многу и се допаднала на водителката која истакнала дека има се што и треба за улогата на стручњак за односи со јавност.


‪Sunday night 10p on @divorceonhbo ‪this happens.‬ ‪Among other things.‬ ‪X, SJ‬

A post shared by SJP (@sarahjessicaparker) on

„Јас сум сексуален ѕвер“ рекла ДеГенерис.
Фановите на филмот и серијата преку социјалните мрежи го поддржале шеговитиот предлог, а Катрал ја споделила објавата во која вели дека се согласува со тоа. Но, додала дека водителката Опра Винфри (63) е сепак нејзин број еден. Глумицата се налутила откако Пркер и останатите колешки од „Сексот и градот“ тврделе дека снимањата нема да продолжат поради нејзините посебни барања.
„Една година зборувам дека нема да го снимам продолжувањето, а сега одеднаш глумам дива“ раскажала вознемирената Катрал. Тврди дека сака да искуси нови работи пред да и пролета времето и дека во ниту еден момент не барала повеќе пари за да ја игра својата „стара“ улога.

„Би сакала да работам на нови проекти. Нема да ме усреќи ако повторно ја отелотворам Саманта“ напоменала глумицата која еднаш признала дека серијата и ги „замаглила“ животните приоритети, па така ја занемарила врската со пртнерот кој, денес е свесна за тоа, требало да и биде на прво место. За Марк Левинсон се омажила во 1998. година, во време кога серијата за четирите пријателки од Њујорк била светски феномен.
„Сексот и градот го уништи мојот брак. Одамна не сум имала љубовна средба и се чувствувам како заробена во кула“ рекла Ким Катрал.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …